Официјално промовиран најпродаваниот SUV модел Volvo XC60

 Ми-Да Гранд Моторс промовираше ново Волво на македонскиот пазар. Се работи за SUV  Volvo XC60.   Овој модел, како што информираат од официјалниот дилер во Македонија е опремен со најмодерна сигурноста опрема. Новиот модел е подолг, поширок, понизок и со поголемо меѓуоскино растојание од неговиот претходник.

Возилото покрај предните и задните паркинг сензори, има и 4 камери, една позади, една напред и две од страните кои создаваат слика од птичја перспектива и го олеснуваат паркирањето на тесен простор.

Од Ми-Да моторс информираат дека сите вљубеници на добри автомобили ќе имаат можност да изберат помеѓу Volvo XC60 со два дизел, два бензиски и еден Хибрид Плуг Ин.

Елена Равановска