Откриен прв ембрион на двоглава ајкула

Прв случај на ембрион на двоглава ајкула откриен е во научна лабораторија во Шпанија.

Ембрионот припаѓа на видот ајкули Galeus Atlanticus која со ова откритие се придружи на групата животни кај кои е регистрирана појава на двоглавост.

На научниците во шпанскиот истражувачки центар во Малага не им било лесно да го видат тој ембрион бидејќи се „криел“ меѓу 797 ембриони кои се издвоени за пручување.

Двете глави имаат уста, очи, мозок, стомак, но заеднички црева. Не може да се каже со сигурност дали таква двоглава ајкула може да преживее доколку е родена во природа.

Биолозите не можат да дадат одговор на прашањето поради што животни со такви карактеристики се толку ретки, дали станува збор за навистина необични видови или за тоа дека тие не преживуваат по раѓање.