Започна пријавувањето за вториот Национален натпревар за Microsoft Office Specialist

cddzcdd

Во рамки на конференцијата „Microsoft Визија: Reloaded“, која се одржува во Скопје, официјално започнува пријавувањето за вториот Национален Microsoft Office Specialist натпревар, каде натпреварувачите ќе имаат можност да ги покажат своите вештини во познавање на Мајкрософт офис апликации  – Ворд, Ексел и Паверпоинт (2013 или 2016).

Победниците на Националниот Натпревар ќе учествуваат на Светскиот Натпревар за Microsoft Office Specialist 2017 кој наредната година ќе се одржи во Калифорнија, САД.

Мајкрософт Македонија и Цертиадриа оваа година втор пат го организираат Националниот Microsoft Office Specialist натпревар. Право на учество имаат сите од 13 до 22 години, односно сите ученици од основните и средните училишта, како и студентите на факултетите. Националниот натпревар во Македонија ќе се состои од два круга. Првиот квалификациски круг ќе се одржи во десетина средни училишта, факултети и тренинг центри ширум земјата. Секој месец ќе се одржуваат полагања низ цела Македонија, а воедно ќе се избира финалист на месецот кој влегува директно во големото финале кое ќе се одржи во мај 2017 година. Сите кои ќе ги положат испитите, стануваат дел од семејството на меѓународно сертифицирани кандидати.

Најдобриот Microsoft Office Specialist на Македонија, ќе патува во Калифорнија од 30 јули до 2 авуст и ќе ја претставува Македонија на овој натпревар кој е рангиран меѓу најдобрите настани во својата категорија.