Вајгл ќе разговара со партиите дали ќе се соберат во Париз

Европратеникот Иво Вајгл, кој денеска и утре има средби со претставници на парламенатарните партии во Собранието на Република Македонија, изјави дека целта на неговата посета е да се разговара за проектот Жан Моне.

– Би сакале да разговараме за проектот „Жан Моне“ на Европскиот Парламент што значи подигнување на дијалогот на политичките играчи во Македонија и интеракција со парламентарците од Европскиот Парламент, рече кусо Вајгл во изјава за медиумите.

Она што го очекува, како што кажа, „е само добро, кога е во Скопје“.

Вајгл претходно имаше средба со претседателот на Парламентот Талат Џафери