ВМРО-ДПМНЕ: Болниците се преполни со пациенти со респираторни заболувања

Болниците се преполни со пациенти со респираторни заболувања, а последиците од загадениот воздух се повеќе ги чувствуваат и децата и возрасните. Единствен спас граѓаните гледаат во затварање во сопствените домови.

Владата на Зоран Заев 6 месеци нема превземено ниту еден суштински чекор за прочистување на воздухот.

Наместо почист воздух, нивото на загаденоста урива рекорди. Цели градови се гушат во смог, а ветувањата на СДС доживуваат фијаско.

Експертите апелираат дека по одредено време на изложеност на загаден воздух, штетата по организмот е огромна, а загадувањето најмногу се одразува врз кардиоваскуларниот систем, предизвикувајќи низа заболувања.

Наместо да се справуваат со загадувањето, градоначалниците на СДС тргнаа со контрамерки. Шилегов и Богоев ги стартуваа мандатите со сечење на дрва низ градот.

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање секојдневно алармираат превисоки концентрации на ПМ10 честичките, загадено е низ цела Македонија, вчера особено алармантно беше во Тетово, изнесуваше 120 мг/м3. Додека во Карпош изнесуваше 106 мг/м3, а во Кавадарци 101 мг/м3.

Згора на тоа СДС се дрзна да го укине и Ден на дрвото. Преку оваа акција досега се засадија над 36 милиони садници, со над 50 отсто успешност, што е висок процент за ваков тип садници.

Граѓаните врз сопственото здравје почнаа да ги чувствуваат лагите и манипулациите на владата  на СДС. На Заев му е побитно да продава евтин популизам отколку да реализира реални мерки со кои ќе се подобри живеењето на граѓаните на Република Македонија.