Заев: Треба да се направи исчекор во спорот за името

Премиерот  Зоран Заев   денеска изјави дека Македонија мора да биде подготвена за исчекор за прашањето за името, оценувајќи дека сега има поголеми шанси од порано да се изнајде решение со Грција.

–  Со Република Грција имаме поголеми шанси од порано да изнајдеме решение. Очекувам дека до крајот на овој месец ќе почнат да се раздвижуваат работите, макар на преговарачите со Нимиц. Стојам на располагање и за премиерско ниво, министерот за надворешни работи е подготвен, веќе разговаравме со претседателот на државата. Во поглед на ова прашање Македонија мора да биде подготвена за исчекор конечно за решавање на ова прашање, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по претставувањето на Предлог-буџетот за 2018 година во Владата.

Се надевам, дополни, дека опозицијата исто така ќе биде вклучена максимално, не за нови блокади, не за нови одложувања, туку во функција да направиме се да изнајдеме решени за овој горлив проблем којшто е кочница на РМ и за нејзините интегративни процеси.