Откриена вистината: Дали знаете чија ќерка е Луна Ристиќ од новиот спот на „Куку Леле“ ?!

Сосема случајно, најновиот видеозапис за темата насловена како „Шутни го бејбе“ на најпопуларното македонско дуо „Куку Леле“ ја откри поврзаноста на прекрасната Луна со Ана, дамата која ја играше главната улога во хитовите на Ластовица, во раните деведесетти кога Владо Јаневски и Роберт Саздов настапуваа заедно.

Имено, бринетата меѓу двете русокоси во новите спотови на „Куку Леле“, Луна Ристиќ сосема случајно му спомнала на Роберт Саздов дека и нејзината мајка соработувала со него во минатото. Откако го навратила Роберт на раните деведесетти кога главна атракција на македонска музичка сцена беше бендот Ластовица, Луна ја видела својата мајка во видеозаписите за тогашните хитови.

– И реков на Луна, јас сум ти бесмртен како Хајлендер. Омажи се, роди ќерка, па и таа ќе игра во моите спотови, низ насмевка раскажува Роберт.

Популарното дуо пред само два дена во етер ги пушти новите видеозаписи за темите „Шутни го бејбе“ и „На сон ми доаѓаш“. Песните веќе се одлично прифатени од публиката, а претставуваат дел од видео кватрологијата која ќе биде наскоро готова, каде третата и четвртата песни се „Лисици црни имам“ и „Туѓа си сега“.