Виз-Ер превезе 1,2 милиони патници во Македонија во 2017 година

Оваа година македонците преку авиокомпанијата Виз Аир ќе можат да летат до четири нови дестинации преку охридскиот аеродром. Авиолиниите до Варшава, Талин и Ајндховен ќе стартуваат летово, а веќе од ноември преку аеродромот во Охрид ќе се лета и до Виена. Летовите ќе бидат три пати неделно, односно секој вторник, четврток и недела а цената на картите ќе почнува од 1.199 денари. „Виз ер“ оваа година ќе понуди вкупно 30 авиолинии во 14 држави, достапни од двата македонски аеродрома. Најавени се и повеќе новини.

По превезени 1,2 милиони патници во 2017тата и пораст од 20%, водечкиот авиопревозник во земјава, ја прошири своја флота со четири авиони воведувајќи четири нови авиолинии од Скопје до Будимпешта, Малта, Рим и Ваксјо.

Од ТАВ Македонија најавија дека ќе останат фокусирани и кон дополнително проширување на мрежата на авиолинии.

 Над два милиона патници патувале преку скопскиот и охридскиот аеродром во 2017 година, што претставува пораст од 13% споредено со 2016 година. Паралелно со порастот во сообраќајот на патници, вкупниот број на летови на двата аеродрома во Скопје и во Охрид е зголемен за 7%, достигнувајќи 18.130 летови во 2017 година. Најпосетувани дестинации биле Истанбул, Цирих, Виена, Базел, Малме и Лондон. Поради УЕФА Супер купот најфреквентен ден на аеродромот во Скопје во 2017 година бил седми август кога вкупно 8.283 патници беа превезени со 98 летови.

Данче Азманова